Јасно е зошто Наполи го смени дизајнот на дресот за дербито против Рома (фото)

Дербито на „Сан Паоло“ меѓу Наполи и Рома е полно со емоции. Пред почетокот на мечот, капитенот Лоренцо Инсиње постави венец пред трибините каде што стоеше огромна фотографија на Диего Марадона во дресот на Наполи, во чест на починатата аргентинска легенда.

Меѓутоа, Наполитанците не застанаа таму. На теренот излегоа со дресови во боите на Аргентина, односно дизајнот на дресот е сменет само за вечерва во сино-белата боја.

Ќе видиме дали и Елиф Елмас ќе добие прилика да истрча со овој дрес, македонскиот дијамант чека шанса за настап од клупата за резерви.

- Оглас -

Најнови вести