Јирген Клоп ви дава совет што да играте на денешното дерби Сити – Ливерпул

Ливерпул ја заврши мисијата и точно по 30 години чекање стигна до шампионската титула во првенството. Минатата недела беше славеничка за гигантот од „Енфилд роуд“, но тренерот Јирген Клоп синоќа најави дека ги мобилизира своите играчи пред денешното дерби против Манчестер сити. Германскиот стратег вели дека доста било прослава и дека Ливерпул треба да продолжи во шампионски ритам до крајот на сезоната, но сепак убаво ќе биде да се помине низ шампионскиот шпалир што ќе го направат фудбалерите на Сити пред мечот.

„Обично не ги славам работите кои се случиле во претходната недела, но сепак убаво ќе биде чувството да се помине низ шампионскиот шпалир. Знам дека тоа е традиција во Англија, иако не го сметам дека е нужно затоа што ние таму одиме да играме и да се обидеме да победиме. Сити е многу силен тим и тоа го покажува во последните неколку години. Имаат неверојатен состав и очекувам квалитетен меч. Кога играш против тим како Сити, не може тоа да не биде уплата на интензивен дуел. Тешко е да се браниш против ваква екипа. Гарантирам 100 отсто дека ќе видите добар фудбал“, вели Клоп, кој додаде дека е невозможно еден меч на вакви два клуба да заврши без погодоци.

Интересно е што во последнава декада Сити и Ливерпул имаат одиграно вкупно 27 дуели во сите натпреварувања, а на дури на 26 имало погодоци. Единствениот меч кој бил 0:0 е тој од октомври 2018 година, кога се играше на „Енфилд роуд“. Интересно е што дури и тој меч беше возбудлив и полн со интензитет, а Сити во 86-тата минута утна пенал.

И според обложувалниците на Sport Life, големи се шансите да гледаме меч во кој ќе има барем три погодоци, па затоа коефициентот за 3+ е 1.60. За комплетната понуда од овој меч може да видите на Sport Life.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести