Јокиќ уште еднаш потврди дека рекордите не му значат ништо (Видео)

Ѕвздата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, во третиот меч од финалната серија против Мајами хит, која ја доби неговиот тим, испиша историја и стана првиот кошаркар кој остварил трипл-дабл најмалку со 30 поени, 20 скока и 10 асистенции.

Србинот мечот го заврши со 32 поени, 21 скок и 10 асистенции, а имаше и две блокади за 44 минути поминати на паркетот.

Но, Јокиќ на прес-конференцијата по мечот изјави дека не го интересираат никакви рекорди, туку најважно за него е што Денвер поведе со 2-1 во победи во големото финале.

„Да бидам искрен, не ми значи многу. Мило ми е што победивме. Ова беше многу важен натпревар за нас бидејќи тие нè победија во нашата сала и не сакавме да имаме негатива во серијата. Сега мора да го добиеме следниот натпревар, само за тоа размислуваме и тоа е единствен начин на кој ќе дојдеме до целта“, изјави Јокиќ.

Центарот го пофали својот соиграч, Џамал Мареј, кој исто така оствари трипл-дабл.
„Џамал игра неверојатно во плејофот. Шутира многу добро и е вистински лидер и мило ни е што го имаме во нашиот тим. Кристијан Браун исто така беше одличен, секогаш го истакнувам како вистински победник и шампион. Секогаш го прави вистинскиот потег и е идината на НБА“, рече Јокиќ.

- Оглас -

Најнови вести