Јованоска со деветти најдобар резултат во Токио

Македонската каратистка Пулексенија Јованоска оствари деветти најдобар резултат во дисциплината карате ката на Олимписките игри во Токио.

Јованоска во двете рунди забележа 23,80 и 24 поени, односно со просек од 23,90 застана на претпоследното деветто место.

Од македонските претставници на Игрите, Пулексенија беше претпоследна, останува уште Магомедгаџи Нуров во борење во слободен стил, кој ќе настапи утре.

- Оглас -

Најнови вести