Јовиќ со еден потег ги импресионираше Шпанците

По неуспешната авантура на Европското првенство за млади со српската репрезентација, Лука Јовиќ замина на одмор кој требаше да трае до последните денови од јули. Сепак, како ново засилување на Реал Мадрид, тој одлучи да го скрати одморот и од прв ден подготовки да биде на располагање кај тренерот Зидан.

Овој потег ги импресионираше Шпанците, особено во таборот на Кралевите. За Јовиќ се потрошени 65 милиони евра, па јасно е дека очекувањата се големи, а тој е подготвен уште од првиот ден да ги оправда.

Претсезонските подготовки на Реал започнуваат во понеделник, a Јовиќ ќе биде дел од турнејата во САД.

- Оглас -

Најнови вести