Јунајтед го задржа талентираниот Чонг, а на трансфер-листа го стави играчот кој повеќе од една година е без учинок

Манчестер јунајтед ја продолжи соработката со талентираниот Тахит Чонг до јуни 2022 година, со опција договорот да се продолжи на уште една година дополнително. На 20-годишното холандско крило му истекуваше претходниот договор по крајот на оваа сезона, а клубот одлучи да го задржи бидејќи е еден од потенцијалните академци кои во иднина би требало да бидат дел од првиот тим на Јунајтед.

Младиот Чонг оваа сезона добиваше шанса од предводникот Солскјер во групната фаза од Лигата на Европа, додека запиша и три премиерлигашки настапи. Се шпекулираше дека Чонг би можел да се пресели во редовите на Интер како слободен играч, меѓутоа управата на Јунајтед навреме реагираше да ја продолжи соработката.

Воедно, клубот му даде дознаење на Џеси Лингард дека налето може да си бара нов тим бидејќи не е во плановите на Солскјер. Англискиот репрезентативец заработува 100.000 фунти неделно, а во изминатата година не оправда ниту цент од тие пари. Цела 2019 година ја заврши без постигнат гол или асистецнија, па така продолжи и оваа година.

Високата плата Лингард ја доби во периодот кога Жозе Мурињо беше на кормилото, па Јунајтед не сака до крај да му го исплаќа договорот кој му важи до јуни 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести