Јунајтед извиси, чудото од дете на Бирмингам ги одбра Милионерите

Суперталентираниот Џуд Белингем ја одбра Борусија Дортмунд пред Манчестер јунајтед, известуваат германските медиуми. Чудото од дете на Бирмингам беше најавуван како идно засилување на Црвените ѓаволи за сума од 25 милиони фунти, меѓутоа 16-годишниот  играч за врска наводно го сменил мислењето и ќе ги пакува куферите за преселба во Германија.

Белингем треба да биде следниот Англичанец кој уште во тинејџерските години се сели во Бундеслигата, откако Џејдон Санчо го отвори патот пред неколку години. Токму покрај Санчо, талентот на англискиот второлигаш ќе ја гради кариерата, а воедно ќе ужива во дадената прилика да го покаже потенцијалот.

Пред прекинот на сезоната во Шампионат лигата, Белингем запиша 32 настапи за Бирмингам во кои забележа четири гола и три асистенции.

- Оглас -

Најнови вести