Дека Светското фудбалско првенство знае да биде пресвртница не само во кариерата, туку и во животот, доказ е голманот на селекцијата на Зеленортски острови, Возиња. Оваа африканска селекција за прв пат беше дел од Мундијалот и се покажа како најпријатно изненадување. Во четири меча кои ги одигра, не загуби ниеднаш во 90 минути игра, иако за ривали имаше три фудбалски велесили како што се Шпанија (0:0), Уругвај (2:2) и Аргентина (1:1 по 90 минути, па пораз од 3:2 по 120 минути игра).
Главна ѕвезда на Зеленортски острови е голманот Возиња. Иако има 40 години и е на залез од кариерата, Возиња блесна на турнирот и стекна светска слава. Се работи за голман кој минатата сезона настапуваше за тимот на Чавез во втората португалска лига и неговиот договор истече пред почетокот на Мундијалот.
Тоа значи дека Возиња како слободен играч пристигна на СП. Многумина очекуваа тоа да биде и крајот на неговата кариера, но по блескавите одбрани, се отвори можноста Возиња да продолжи да брани. Неколку клубови веќе се интересираат да го добијат потписот на ветеранот, а екипите на Атлетико Гоианенсе и Аваи засега се најконкретни.
Се работи за два клуба кои настапуваат во бразилската втора лига и му нудат договор на Возиња. Освен по своите добри одбрани, голманот стана атрактивен и по мегапопуларноста што ја стекна на социјалните мрежи. Тој веќе има преку 25 милиони следбеници на Инстаграм, а пред да започне Мундијалот имаше едвај 40.000 следбеници. Сега тој е одличен и за маркетинг цели.
Понудите за Возиња стигнуваат, на на 40-годишниот голман останува да реши каде ќе ја продолжи кариерата.

