Клаудио Раниери се врати во Премиер лигата по пет години од големиот успех и освоената титула со Лестер, што беше првокласно изненадување, една од најголемите сензации во овој милениум.
Раководството на Ватфорд не беше задоволно од работата на Шпанецот Циско и се одлучи за промена на тренерската позиција и го доведе искусниот волк Раниери.
Клаудио имаше сензационален поход со Лестер во сезоната 2015/16 и ја прекина долгогодишната доминација на екипите од Манчестер и Лондон и ја освои титулата во Премиер лигата.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1444988026191585283?s=20
Раниери има богата тренерска кариера и водеше познати екипи од калибарот Наполи, Фиорентина, Валенсија, Атлетико Мадрид, Челзи, Јувентус, Рома, Интер, Монако, Сампдорија, а беше селектор и на Грција, а сега по третпат ќе води екипа од Англија.

