Јуниорките покажаа карактер: губеа 0-2 од Кипар, а победија на крај

Македонската репрезентација за фудбалерки до 19 години со две победи на три меча го заврши настапот на квалификацискиот турнир кој се одигра во Белорусија. Избраничките на селекторот Астрит Мерко денеска ги победија врсничките од Кипар со 4-2, иако по првото полувреме противникот водеше со 2-1.

Кипар имаше предност од 2-0, но нашите девојки покажаа карактер, не се предаваа и направија голем пресврт. Голот од пенал на Викторија Недева за 3-2 најави победа, а точка стави Радица Велковска со погодок од контранапад во 90-тата минута.

И покрај победата, Македонија со 6 бода не успеа да обезбеди место во елитната фаза и останува во Сегментот Б.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести