Јуве „деветката“ ја чува за Икарди

Италијанскиот првак Јувентус уште нема сопственик на дресот со бројот 9, подгревајќи ги шпекулациите дека овој дрес се чува за нов напаѓач. „Бјанко-нерите” досега ги донесоа Џанлуиџи Буфон кој доби дрес со бројот 77, Матајс де Лихт ќе биде со бројот 4, Арон Рамзи со 8, Адриен Рабио ја доби 25-ката, а Мерих Демирал 28-ката.

Гонзало Игуаин, после позајмицата, се врати во „старата дама“ од Торино, но тој има дрес со бројот 21.

Според некои влијателни медиуми, Мауро Икарди, кој е непотребен во Интер, се согласил на петгодишен договор со Јуве, каде би заработувал по 8 милиони евра по сезона, а Интер би добил од 50 до 60 милиони. Ако потпише, јасно е дека тој ќе ја земе „деветката“.

- Оглас -

Најнови вести