Јуве ѝ нуди тројца играчи на Фиорентина во замена за италијанската ѕвезда

Федерико Кјеза, младата ѕвезда на Фиорентина, е меѓу најбараните италијански фудбалери во моментов. За неговите услуги се интересираат неколку гиганти од Серија А, но и од Премиер лигата, а дека пак најголеми шанси да го добие неговиот потпис наводно има Јувентус.

Бјанконерите се подготвени да жртвуваат дури тројца играчи во замена за Кјеза со цел да ја победат конкуренцијата која, пред сè, доаѓа од Интер. Дефанзивците Ругани и Ромеро, како и Мандрагора се играчите кои би го облекле виолетовиот дрес доколку управата на Фиорентина ја прифати размената со Јувентус.

Како и да е, клубот од Фиренца се надева дека ќе оствари финансиски профит со продажбата на нивниот најдобар играч, меѓутоа доста примамлива е понудата од Торино.

- Оглас -

Најнови вести