Јуве се помачи, но ја доби Болоња (видео)

Италијанскиот првак Јувентус ја продолжи низата победи на пет меча во Серија А, откако вечерва ја совладаа Болоња со 2-1 на домашен терен. Бјанконерите се помачија за трите бода против храбрите фудбалери на Синиша Михајловиќ, но благодарение на Роналдо и Пјаниќ екипата на Маурисио Сари ја чува челната позиција на табелата.

Роналдо по 19 минути игра ја стресе мрежата на гостите, иако беше осамен во ситуацијата Португалецот најде простор да шутира и го совлада Скорупски на поблискиот дирек. Болоња успеа да израмни преку Данило веќе во 26-тата минута, но само што започна второто полувреме, Старата дама изврши притисок и така Пјаниќ ја искористи мешаницата пред шестнаесетникот и го постави конечниот резултат.

Јувентус до утре ќе има четири бода предност во однос на второпласираниот Интер кој има 18 бода, додека Болоња претрпе пад до 12-тото место со третиот овосезонски пораз.

https://twitter.com/PlayMakerDergi/status/1185634433711427586

- Оглас -

Најнови вести