Јувентус донесе одлука околу иднината на Пирло

Јувентус синоќа ги разочара сите свои навивачи откако убедливо со 3:0 загуби во дербито од Милан. Росонерите цела деценија немаа победа во Торино, но сега се радуваа во многу важен момент. Двата тима се борат за позиција која води во Лигата на шампионите за следната сезона, а според актуелната табела, Старата дама е во „аут“.

Многумина како главен виновник за слабата сезона на Јувентус ја гледаат кај тренерот Андреа Пирло. Човекот кој беше одличен фудбалер, засега како стратег нема резултати кои се многу за пофалба. Пирло најави дека нема намера да си замине, а денеска состанок имале и челниците на клубот.

Првите луѓе на Јувентус донеле едногласна одлука дека Пирло треба да остане на клупата до крајот од сезоната, а дури потоа ќе се разгледува неговата работа и резултати, па ќе се носи одлука дали тој треба да остане и за следната сезона или ќе се бара нов тренер.

Во последните три кола од Серија А, Јувентус ќе игра на гости кај Сасуоло, потоа во Торино го чека новиот првак Интер, а во последното коло противник ќе им биде Болоња. Старата дама има шанси да ја заврши сезоната со титула затоа што на 19 мај ќе игра во финалето на Купот на Италија против Аталанта.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести