Јувентус е фаворит, Хандановиќ ќе биде на мака во дербито на Италија

Јувентус ќе го добие дербито на Италија против Интер, а Самир Хандановиќ најмалку двапати ќе ја вади топката од мрежата, прогнозира Панче Ќумбев за денешната голема пресметка во Серија А.

Очекувам традицијата да продолжи на „Месталја“, каде што Валенсија во последно време редовно ја победува Севилја, а очекувам многу голови на дербито на областа Рур во Бундеслигата, на главниот меч од 16-тото коло во Премиер лигата и на дербито на полусезоната во полската Екстракласа, вели Панче Ќумбев.

 

Еве ги неговите пет предлог-типови за викендов:

 

Јувентус – Интер (петок, 20.30 часот)

Дербито во Калчото за овој викенд се игра во Торино. Повеќе од јасно е кој е фаворит. Јуве гази сезонава и не гледам како нестабилниот Интер може да освои бодови кај лидерот. Типувам единица со најмалку два гола во мрежата на Хандановиќ.

Предлог тип: 1&Т1 (2.04) 

 

Шалке 04 – Борусија Дортмунд (15.30 часот)

Соседското дерби на областа Рур е натпревар за за сечиј вкус. Екипата од Дортмунд е убедлива годинава и е најсериозен кандидат за титулата во Бундеслигата. Шалке полека се буди и затоа овде типувам само на голови. Можеби благ фаворит е Борусија, но гостинот се нема радувано на победа на овој терен од 2013 година.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.92) 

 

Валенсија – Севилја (сабота, 16.15 часот)    

Валенсија полека ја стабилизира својата форма, додека формата на гостинот оди во надолна линија. На последните 7 натпревари на „Месталја“ помеѓу овие две екипи, домаќинот победил шест пати и само еднаш одиграле нерешено. Затоа улогата фаворит ѝ ја доделувам на Валенсија и очекувам да победи.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

Челзи – Манчестер сити (сабота, 18.30 часот) 

Борба на титаните во Премиер лигата. Верувам дека ќе проследиме меч со многу голови на двете страни.Според мене, фаворит нема.Челзи игра топло-ладно, изненадувачки загуби од Вулверхемптон во минатото коло, но на домашен терен игра одлично.Сити е убедлив, но сепак е дерби и сè е можно.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.90)

 

Лехија Гдањск – Легија Варшава (недела, 18 часот)

Според моменталната ситуација, ова е можеби дерби на полусезоната. Домаќин е лидерот, а на гости доаѓа најдобриот полски тим Легија. Верувам дека ќе има офанзива од двете страни и многу голови. Нормално, ќе навивам за мојот поранешен тим Легија, а фаворит нема на полското дерби и прогнозирам дека ќе биде ефикасно со 3 или повеќе погодоци.

Предлог тип 3+ (1.95)

 

- Оглас -

Најнови вести