Јувентус е во хаос – Играчите не ги разбираат идеите на Пирло, Роналдо сам си бира натпревари

Играчите на Јувентус се збунети и не ги разбираат идеите на Андреа Пирло, особено формациските поставки во одбраната, а Кристијано Роналдо си ја користи ситуацијата и сам си одбира натпревари на кои ќе настапува, пишва „Кориере дела сера“.

„Пирло има проблем со играчите, кои тешко ги прифаќаат неговите идеи, па играта на Јувентус не личи на шампионска. Роналдо си користи и сам одлучи да не игра против Беневенто“, открива познатиот италијански медиум.

И некако и сомнително беше и објаснувањето на Пирло зошто Роналдо не настапи против Беневенто, откако Јувентус веќе имаше обезбедено пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите.

„Кристијано ќе одмори. Не планираме да патува и да игра против Беневенто“, изјави Пирло пред мечот со Беневенто.

Јувентус не успеа да победи, иако логично беше Роналдо да игра во мечот од Серија А бидејќи бодовите беа неопходни, а да одмори задутре, против Динамо Киев, во неважен меч за Старата дама во Лигата на шампионите.

Новинарите на „Кориере дела сера“ пишуваат и дека тешко оди комуникацијата на релација Пирло – играчи, а има доста недоразбирања за начинот на кој Јувентус треба да игра.

Шампионот засега нема пораз во Серија А, но ремизираше дури петпати на 9 меча и заостанува зад Милан со шест бода, додека и во ЛШ играше неубедливо, но, сепак, успеа да избори пласман во нокаут-фазата.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести