Јувентус го загуби Игуаин за реваншот против Милан?

Гонзало Игуаин денес порано го заврши тимскиот тренинг на Јувентус откако Аргентинецот се пожалил на болки во задниот дел од бутниот мускул од десната нога.

Првите прегледи покажаа дека не станува збор за повреда која може да го тргне од терените подолг период, меѓутоа постои голем ризик за Игуаин да го пропушти реваншот против Милан во полуфиналето од Купот. Неговата ситуација ќе се следи во наредните денови, а Сари во меѓувреме ќе треба да смисли тактика во која ќе го нема својот миленик.

Сезоната во Италија се враќа со реванш-дуелите од полуфиналето од италијанскиот Куп кои се закажани за 13 јуни, а Јувентус на домашен терен ќе се обиде да го совлада Милан по нерешените 1-1 од првата пресметка.

 

- Оглас -

Најнови вести