Јувентус остана без Лига на шампиони и следната сезона ќе игра во Лигата на Европа. Ова беше познато и без да се чека резултатот од градското дерби против Торино, бидејќи Рома и Комо ја завршија „домашната“ работа, а Милан доживеа катастрофа против Каљари.
„Старата дама“ има предност од два гола против Торино со двата гола на Душан Влаховиќ, но на крајот остана без победа.
Касадеи и Адамс погодија за Торино и ја спасија својата екипа од пораз во мечот кој доцнеше повеќе од еден час поради навивачките нереди пред натпреварот на Олимпискиот стадион.
ЈУвентус на крајот заврши само шестти со со 69 бода или 18 помалку од шампионот Интер, додека Торино ја финишираше сезоната во Серија А на 12-тото место.

