Јувентус ја одреди сумата за Игуаин

Се почести се гласините дека Гонзало Игуаин на крајот од сезоната ќе го напушти Јувентус. Според пишувањата, за докажаниот аргентински голгетер се заинтересирани екипите на Ривер Плејт, Њукасл и Вулверхемптон.

Јувентус би се сложил да го продаде Игуаин, но само доколку некој клуб се реши да плати 18 милиони евра за тој трансфер. Аргентинецот дојде во Торино пред четири години од Наполи, кога Јувентус плати дури 90 милиони евра. За овој период Игуаин одигра 139 меча, а постигна 63 погодоци. Сезонава даде осум погодоци, а имаше и исто толку асистенции, што секако е солиден ефект за напаѓачот.

Доколку Јувентус не го продаде Игуаин ова лето, во тој случај на крајот од следната  сезона голгетерот ќе може да си замине како слободен агент. Додека се чека разврската околу иднината на аргентинскиот репрезентативец, Игуаин е дел од тренинзите на Јувентус и е во исчекување околу продолжувањето на Серија А, каде Јувентус е лидер со еден бод повеќе од Лацио.

- Оглас -

Најнови вести