Јувентус ќе игра со комбиниран состав против Киево

Џенова – Милан (15 ч.)

Милан и Џенова се во фокусот на фудбалската јавност во Италија, но не поради нивниот денешен меч, туку поради трансферот кој треба да се финализира во следниве 24 часа. Според најавите, најдобриот голгетер не само во Џенова, туку во цела Серија А сезонава, Кжиштоф Пјонтек од утре ќе го облече дресот на Милан. Поради суспензија, Пјонтек денеска нема да игра против „росонерите“, а и Милан ќе биде без Гонзало Игуаин, кој реши да си замине од „Сан Сиро“.

Кај гостите нема да играат ниту суспендираните Ромањоли и Калабрија, како и повредените Билја и Бонавентура. Двете екипи немаат многу стабилна одбрана, па може да се очекуваат голови, а гостите, секако, се фаворити.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.65) – квота на денот во Sport Life

 

Јувентус – Киево (20:30 ч.)

Порди настапот во Суперкупот на Италија, тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, за денешниот дуел против Киево планира да одмори неколку стандардни првотимци. Поради жолти картони, сигурно ќе го нема Пјаниќ, а повредени се Манџукиќ и Барѕалји. На ситни повреди се жалат и Даглас Коста, Бентакур, Куадрадо и Бенатија.

Сепак, во составот ќе биде Кристијано Роналдо, кој е доволен да ја направи разликата на теренот во дуел со екипа каква што е таа на Киево, која е последнопласирана во Серија А. Киево заедно со Емполи се единствените две екипи кои сезонава немаат ниту една победа на гости, а сигурно нема да победат во Торино.

Предлог тип: Т1 1+I&T1 3+ (2.05) – квота на денот во Sport Life

 

Еибар – Еспањол (21 ч.)

Еибар речиси два месеца се нема израдувано на победа. Пет нерешени и два порази е билансот на домаќините на денешниот меч. Еспањол е една од најслабите екипи на гостински терен, па во досегашните 10 меча освои само шест бода. Причина за малкуте освоени бодови е слабата одбрана на Каталонците.

Во меч на кој домаќините се во криза и не знаат за победа подолго време, а гостите се очајни на туѓ терен, најдобро е да се игра на голови.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.10)- квота на денот во Sport Life

 

Шпанија – Бразил (18 ч.)

Европскиот првак Шпанија е апсолутен фаворит, но Бразил покажа дека може секого да го победи. „Кариоките“ во првата фаза ги победија Србија и Русија, а синоќа ја шокираа и Хрватска. Тоа е знак за „црвената фурија“ дека никако не смее да го потцени овој ривал, иако традицијата вели дека Шпанија победила на сите седум меѓусебни средби досега. Последниот дуел беше најнеизвесен. На Мундијалот пред две години, Шпанија победи минимално со 28:27 и тоа е еден вид најава дека Бразил може да изненади.

Предлог тип: 2 (5.50)

 

Хрватска – Германија (20:30 ч.)

„Коцкестите“ уште се во шок по поразот од Бразил, а утрово дополнитенла лоша вест беше дека Лука Циндриќ и дефинитивно нема да игра до крајот на првенството. Циндриќ се жалеше на повреда, па Лино Червар реши дека нема потреба Циндриќ да се мачи.

Германија ќе ја има поддршката од публиката, но и Хрватите се заминати во голем број за да ги бодрат своите миленици. Сигурно ќе биде неизвесно до самиот крај. Ова е меч кој може да одлучи за место во полуфиналето, а шанса повеќе даваме на Германија, која овојпат е во улога на „гостин“.

Предлог тип: 2 (1.50)

 

 

- Оглас -

Најнови вести