Јувентус му покажа на Милан кој е шампион во Италија (Видео)

Во Топ 5 лигите во Европа веќе нема непоразени екипи, откако вечерва Милан на свој терен загуби од Јувентус со 1:3, во дербито од 16. коло на италијанската Серија А. За Росонерите ова е прв пораз во првенството, но и покрај тоа, останува лидер на табелата со 37 бодови, затоа што и градскиот ривал Интер денеска загуби на гости кај Сампдорија. Јувентус со трите бода на „Сан Сиро“ сега стигна до 30 бодови и е на четвртото место, додека Рома ја држи третата позиција до 33 бодови.

Уште од самиот старт Јувентус покажа дека е дојден да победи во Милано. Кјеза даде убав гол за водство во 18 минута, по одличната асистенција на Пауло Дибала. Милан успеа да израмни до полувремето благодарение на погодокот на Калабрија во 41 минута. Неколку секунди пред овој гол, се случи сомнителна ситуација во која гостите бараа фаул кај Рабио, но арбитарот не досуди ништо и Милан израмни на 1:1.

Во второто полувреме, Кјеза повторно беше играчот што донесе нова радост за Јувентус. Тој погодок може да го погледнете ТУКА. Сите дилеми околу победникот беа решени кога Меккени погоди за 3:1 за гостите во 76 минута, по одличната асистенција на Дејан Кулушевски.

 

- Оглас -

Најнови вести