Јувентус објави колку пари загубил за шест месеци, сумата е со девет цифри

Пандемијата од корона-вирусот им донесе многу проблеми на спортските клубови, економската состојба во фудбалот е видливо влошена, а доказ за ова е денешната официјална потврда од Јувентус дека од 1 јули до 31 декември 2020 година загубиле дури 113,7 милиони евра.

Бордот на директори во Јуве го изгласа финансискиот извештај за работењето во минатата година. Но, не треба да се мисли дека клубот е во очајна состојба, всушност Јуве има приходи од 258,3 милиони евра, а тоа е пад во споредба со претходната сезона, во која имале приходи од 322,3 милиони. Што се однесува до трошоците, тие биле 263,4 милиони, што е благ пораст.

- Оглас -

Најнови вести