Јувентус оди по бодови за титула во Реџо Емилија, но и да пазари две засилувања

Јувентус денеска може да направи значен исчекор кон деветтата титула во низа во Серија А, а во таборот на Старата дама се надеваат и на победа против Сасуоло, но и на пазарење на два фудбалери од таборот на ривалот.

Јувентус е заинтересиран за Мануел Локатели и за Жереми Бога, кои играат одлична сезона за Сасуоло. Реалацијата на двата клуба е одлична и тимот од предградието на Модена во областа Реџо Емилија е еден вид филијала на најтрофејниот италијански клуб.

Јувентус често купува играчи до Сасуоло, но и ги праќа своите фудбалери во овој клуб. Лани го купија стоперот Мерих Демирал за 18 милиони евра, а претходно и Симоне Заза пристигна во Торино од Сасуоло.

И во обратен правец има голема фрекфенција, а членови на помалиот брат на Јувентус и сега се неговите поранешни играчи Пелузо и Берарди.

Сепак на терен Сасуоло сигурно нема да се предаде, а тоа го покажа и во првиот дел од сезоната кога го изненади фаворитот со реми 2:2 во Торино.

Играчите на одличниот стратег Роберто Де Зерби играат многу атрактивен фудбал и немаат пораз на шест меча по ред. Во претходното коло го нокаутираа Лацио во Рим, а во пост-корона ерата на 7 меча имаат само еден пораз од Аталанта. Во тој циклус постигнаа дури 18 голови и се петтата најефикасна екипа во Серија А со Рома.

Јувентус победуваше на „Чита дел Триколоре“ на последните три гостувања и ако ги освои бодовите и вечерва на дуелот од 21.45 часот ќе биде многу блиску до подобрување на сопствениот рекорд со 36. шампионска круна.

 

- Оглас -

Најнови вести