Јувентус покажа што значи да си голем клуб: Може да го земат без пари, а сепак ќе платат обесштетување

Јувентус синоќа го потврди доаѓањето на Лука Пелегрини од Рома, додека во спротивна насока замина Леонардо Спинацола. Старата дама за Пелегрини плати 22 милиони евра, а потпиша договор до 2023 година. Од продажбата на Спинацола, Јувентус ќе добие сума од 29,5 милиони евра за договор до 2023 година.

Италијанскиот првак денеска треба да го комплетира и договорот со Хамза Рафија од Олимпик Лион. Овој играч имаше договор со францускиот тим до крајот на сезоната, што значи дека требаше во Торино да замине како слободен играч. Сепак, челниците на Јувентус самите побараа Рафија да потпише нов договор со Лион за да може Јувентус да плати откупна клаузула и Лион сепак да добие одредена сума за заминувањето на овој играч.

Со овој џентлменски потег, најтрофејниот италијански клуб само сака да ги задржи пријателските односи со Лион што ги има стекнато во изминативе години.

 

- Оглас -

Најнови вести