Јувентус „пука“ од сите страни, Венеција со прекрасен гол обезбеди голем бод (ВИДЕО)

Кризата во Јувентус нема крај.

Италијанскиот великан „пука“ од сите страни, и на резултатски а и во ракоиводните структури.

Денеска, на гостувањето кај новиот Калчолигаш одиграа само 1:1 во рамките на 17-то коло.

Алваро Мората во 32-та минута донесе водство за Старата дама, додека голема радост за домаќините и важен бод обезбеди Матија Араму, кој во 53-та минута постигна навистина прекрасен гол за голема радост на домашните фанови и уште поважен бод.

Сега, Венеција стигна до бројката од 16 бодови и ја прекина серијата од три едноподруго порази.

Како што е познато, поранешниот првак на Италија е под истрага на властите од оваа земја поради малверзации со трансфери, а постои и можност повторно да биде казнет со исфрлање во Серија Б.

- Оглас -

Најнови вести