Јувентус сака да го купи Коло Муани

Јувентус испратил понуда вредна повеќе од 30 милиони евра за напаѓачот на Пари Сен Жермен, Рандал Коло Муани. Сепак, договор меѓу двата клуба засега нема, бидејќи францускиот шампион бара повисока отштета за францускиот репрезентативец.

Коло Муани веќе ги договорил личните услови со Старата дама и има желба повторно да го облече дресот на Јувентус, каде што настапуваше како позајмен фудбалер во првата половина на 2025 година.

Минатата сезона тој беше дел од Тотенхем, но по враќањето во ПСЖ стана јасно дека не е во плановите на тренерот Луис Енрике, па неговото заминување ова лето е сè поизвесно.

За време на својот прв престој во Торино, Коло Муани одигра 22 натпревари и постигна 10 голови, оставајќи одличен впечаток кај навивачите и раководството на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести