Јувентус тоне сè подлабоко, следува ново одземање бодови и преселба во Серија Б, како и масовен егзодус на играчите налето?!

Јувентус минатиот месец остана без 15 бода кои му ги одзеде Фудбалската федерација на Италија поради финансиски малверзации за време на пандемијата на корона-вирусот од страна на поранешната управа, а сега се соочува со нова казна која може да го испрати во Серија Б.

По казната, Старата дама сега има 23 бода и дефинитивно испадна од трката за титулата, како и за освојување на првите четири места на табелата кои носат пласман во Лигата на шампионите.

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус сега може да добие нова казна и ново одземање бодови, овојпат 20, поради нерегулирани плати за време на пандемијата на корона-вирусот.

Сослушувањето на поранешните челници на Јувентус на чело со Андреа Ањели е закажано за март во судот во Торино, а одлуката се очекува да биде донесена во април или мај.

Доколку на Јувентус му бидат одземени нови 20 бода, тогаш екипата, според актуелната табела, би била последна само 3 бода. Позицијата која гарантира опстанок, во моментов ја држи Специја со 18 бодови.

Но, тоа не е единствен проблем за управата бидејќи фудбалерите побарале состанок со сопственикот на Јувентус, Џон Елкан, и најавуваат летен егзодус од Торино.

- Оглас -

Најнови вести