Кадети на Бешикташ прославиле победа во друштво на проститутки?

Кадетската екипа на Бешикташ, играчи родени 2003 година, на почетокот на мај учествуваа на турнир во грчкиот Родос, а по добрите игри и победата над Панатинаикос од 2-1 во финалето, одлучиле да прослават во друштво на локални проститутки. Да биде уште потрагично, наивните момчиња не само што ова не го криеле од тренерите, туку некои од нив со девојките дошле на појадокот во хотелскиот ресторан.

Според турските медиуми, дел од кадетите ќе бидат избркани од клубот, а ривалот Фенербахче го чека исходот и ќе сака кај себе да привлече некои од талентите кои Бешикташ ќе ги избрка поради недисциплина.

Но, од Бешикташ имаат сосема поинаква верзија на настанот. Од клубот велат дека едно од момчињата ја повикало својата девојка во хотелот, по што тренерите интервенирале, а фудбалерот бил исклучен од тимот.

- Оглас -

Најнови вести