Кафу го посрамоти Недвед пред 20 години, а истата финта ја направи и сега (Видео)

Фудбалското знаење не може никогаш да се загуби. Ако сте биле мајстор на фудбалската игра во минатото, мајстор сте и сега, без разлика на годините. Доказ за ова е случајот со легендарниот бразилски десен бек Кафу.

Кафу во декември 2000 година, на римското градско дерби, како играч на Рома, си поигруваше со ривалот Павел Недвед од Лацио, неколкупати му ја префрлаше топката преку глава. Кафу вели дека со Недвед се во пријателски односи, немал намера да го понижи или потцени, туку тоа му дошло природно и тоа би го направил против кој било друг на светот да беше на местото на Недвед.

Потег кој се памети, а Кафу во домашни услови покажа дека и сега, 20 години по финтата, може да го направи истото.

- Оглас -

Најнови вести