Кајри Ирвинг си оди од Бостон, но останува на Истокот?

Деновите на Кајри Ирвинг како играч на Бостон селтикс се одбројани. Според добро информирани извори во САД, Ирвинг ќе ги напушти „келтите“ и на 1 јули како слободен играч ќе потпише за Бруклин нетс.

Околу Ирвинг се ширеа шпекулации дека би можело да премине во Лос Анџелес лејкерс, но се чини дека одамна има раскрстено со Леброн Џејмс, веќе не сака да игра со него, па ќе оди во екипа каде што ќе биде прва опција во нападот.

Селтикс веројатно ќе остане и без Ал Хорфорд, па клубот ќе треба да бара начини како да најде соодветни замени за своите две ѕвезди кои иднината си ја гледаат на друго место.

- Оглас -

Најнови вести