Кајри Ирвинг вечерва за првпат ќе игра заедно со Дончиќ, дури 85-мина играчи во играта „плус-минус“ поени

Вечерва во најсилната кошаркарска лига, НБА, ќе се одиграат девет натревари, а во фокусот на јавноста ќе биде дуелот што ќе се игра во „Крипто.ком“ арената во Лос Анџелес меѓу Клиперси и Далас маверикс.

Причина за ова е деби натпреварот на Кајри Ирвинг во дресот на Далас маверикс. Ирвинг пред три дена беше разменет од Бруклин во Далас, каде што ќе игра заедно со Лука Дончиќ. Фановите и медиумите со нетрпение очекуваат да видат како ќе функционираат на теренот Дончиќ и Ирвинг.

Квотите за вечерашниот натпревар се против Далас, фаворит е ЛА клиперс и „кецот“ изнесува 1.42.

Дерби на вечерта е дуелот меѓу првиот и третиот тим на табелата во Источната конференција, Бостон селтикс и Филаделфија сиксерс.

Квотите го фаворизираат Бостон (1.57), а дополнителен проблем за тренерот на Филаделфија, Док Риверс, претставува повредата на најдобриот играч, Џоел Ембид. Ембид, кој игра одлично сезонава и му е главен конкурент на Никола Јокиќ за МВП признанието, има повреда на стапалото и неговиот настап ќе биде незвесен до почетокот на средбата.

Според квотите, сигурица треба да биде Кливленд кавалирс, кој игра против Детроит пистонс, а победи се очекуваат на Сакраменто против Хјустон, на Торонто против Сан Антонио, на Мајами против Индијана.

Во НБА-понудата на Sport Life има дури 85-мина кошаркари како избор за играта на плус или на минус поени.

- Оглас -

Најнови вести