Како деца Леклер го истурка Верстапен, тогаш Холанѓанецот се лутеше (Видео)

Макс Верстапен е победник на трката за големата награда на Австрија, откако во неверојатна завршница заврши пред Шарлс Леклер. Клучниот момент на трката се случи во 69 клуг кога Верстапен го претрка Леклер, а возачот на Ферари беше истуркан надвор од патеката.

Стујардите треба да решат за спорната ситуација, дали има услов за казна на еден од двајцата возачи или ќе остане актиелниот пласман на трката.

Интересно е што пред неколку години, овие двајца возачи беа дел од еден друг инцидент, а тогаш Леклер го истуркал Верстапен од патеката, па Холанѓанецот беше лут.

„Не е фер. Водам, сака да ме престигне и ме турка, јас му враќам, а потоа тој ме оттурна од патеката. Не е фер“, коментираше тогаш лутиот Верстапен.

За разлика од Холанѓанецот, Леклер тогаш без многу нервоза искоментира дека немало ништо. „Ништо немаше, обичен инцидент за време на трката“, беше тогашниот коментар на Леклер.

- Оглас -

Најнови вести