Поништемиот гол на Хрватска во дуелот против Португалија кој значеше и елиминација на Коцкестите од Светското првенство е во фокусот на планетарниот собир. Се играше 13-тата минута од судиското надополнување која Јошко Гвардиол даде гол за 2:2, но потоа следуваше сигнализација од ВАР собата дека имало офсајд.
Причина за офсајдот е тоа што по центаршутот на Иван Перишиќ, топката дојде до Пашалиќ, кој асистираше до Гвардиол за 2:2. Сепак, голот беше поништен затоа што при центаршутот, топката минимално го допрела Игор Матановиќ, што не може да се забележи со голо око, но ВАР системот и чипот кој е вметнат во топката, тоа го сигнализираше.
Оваа технологија, позната како „Поврзана топка“, испраќа податоци до VAR собата во реално време и препознава дури и најмал допир. На екраните се појави графички приказ во форма на крива, сигнализирајќи го контактот на Матановиќ со топката.
Срцето на системот „Поврзана топка“ е IMU сензорот, или минијатурна инерцијална мерна единица, вградена во топката Adidas Trionda што се користеше на ова Светско првенство. Сензорот работи на фреквенција од 500 Hz, што значи дека собира податоци за забрзувањето, ротацијата и тродимензионалното движење на топката дури 500 пати во секунда.
Оваа фреквенција е значително повисока од онаа на телевизиските камери, што му овозможува на системот „Поврзана топка“ да го одреди со 100 проценти сигурност точниот момент кога играчот ја допира топката.

Информациите од сензорот се пренесуваат во реално време до VAR собата, каде што се комбинираат со податоци собрани од 16 камери инсталирани на стадионот. Камерите постојано ја следат позицијата на топката и играчот, снимајќи до 29 референтни точки за секој играч 50 пати во секунда. Тогаш се вклучува вештачката интелигенција, која ги собира сите добиени податоци и автоматски утврдува дали имало контакт со топката или не.

