Како изгледа фудбалот во време на корона-вирусот: Празни трибини, славење голови без гушкање (фото)

На сите ние мило што фудбалот во Европа полека се враќа во нормала, а Бундеслигата како прва од топ 5 лигите го скрши мразот и продолжи со натпреварувањето. Пандемијата со корона-вирусот и натаму е закана за човечките животи, но заразата колку толку е ставена под контрола по два месеци борба.

Во вакво време потребно беше да се направат големи пролагодувања за да може да се игра, Бундеслигата воведе ригорозен протокол кој мора да се почитува за да се одвиваат натпреварите без проблем. Следните фотографии ни покажаа како изледа фудбалот во време на корона-вирусот.

Празните трибини прават помалку модбидна атмосфера, секако дека не е исто без навивачи, особено како што се знае колку Германците се страсни за најпопуларниот спорт. Прославувањето на головите исто така е чудно, нема гушкање, а играчите на растојание од 2 метри си честитаа.

Клупите за резерви се долги до 20 метри, а секој од играчите седи на два метри растојание и носат заштитна маска и ракавици според протоколот. Топките редовно се дезинфицираат со цел да се сведе до минимум евентуално ширење на вирусот.

 

- Оглас -

Најнови вести