Како изгледа кога човек од 172 килограми ќе направи салто наназад? (Видео)

Еди Хал е еден од најсилните луѓе во светот. Британецот ја освои титулата на Светското првенство за најсилни луѓе во 2017 година, а сега имаше еден неверојатен предизвик. Човекот кој е тежок над 170 килограми реши да направи салто наназад.

Хал замина во сала за гимнастика да вежба со Нил Вилсон, гимнастичар кој со успех ја претставувал Велика Британија на Летните олимписки игри и на други големи натпреварувања. Благодарение на помошта од Вилсон и уште неколку други гимнастичари, Еди Хал со своите 172 килограми за брзо време успеа да направи салто наназад.

Погледнете како изгледаше целата подготовка за подвигот на Хал и неговиот обид да направи салто наназад.

 

- Оглас -

Најнови вести