Како изгледа УФЦ борецот по синоќешниот пораз (фото)

Настанот УФЦ 249 беше прв од спортски тип во САД во ек на пандемијата со корона-вирусот, а секако главна беше битката меѓу Фергусон и Гејтџи, во која славеше аутсајдерот по петтата рунда.

Истата вечер се одржа и борбата меѓу Нико Прајс и Висенте Луке во велтер категоријата, победник со судиски прекин по третата рунда беше Луке. Губитникот доста настрада од овој меч и го покажа повреденото око. Прајс по интервенцијата од медицинскиот персонал на лице место, беше пренесен во болницата во Џексонвил, а откако му ја средија повредата тој се пофали на социјалните мрежи во каква состојба е.

На линкот подолу можете да видите како Луке го нокаутира и му ја зададе повредата на Прајс:

https://twitter.com/Ta1jaNx/status/1259280664588943361

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести