Како на филм: Полицијата на сред улица му правеше претрес на играчот на Челзи како да е криминалец (видео)

Тиму Бакајоко, фудбалерот на Челзи кој е на позајмица во Милан, претрпе стресна ситуација среде коловоз во Милано по погрешна интервенција на полицијата.

Полицијата го застана возилото со кое управуваше францускиот фудбалер со цел да му се направи претрес. Додека траеше проверката, еден од полицајците го позна Бакајоко и му кажа на колегата дека не се работи за осомничениот кој го бараат.

Инаку, инцидентот се случил на 3 јули, кога во близина на местото каде што Бакајоко бил застанат од полицијата, имало огнена престрелка, а еден од осомничените наликувал токму на фудбалерот.

Наводно осомничениот управувал со слично возило-џип со црна боја и носел зелена маица.

- Оглас -

Најнови вести