Како што најавивме пред шест дена, Македонија е 65-та на ранг-листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на 65-тото место на најновата ранг-листа која денеска ја објави ФИФА и со тоа се потврдија нашите најави од пред шест дена, дека Црвено-жолтите ќе бидат токму на оваа позиција.

Во Европа, нашата репрезентација е 33-та, но следната година би можеле да заиграме на ЕП, на кое ќе учествуваат 24 национални тимови, што би било историски успех. Нашиот ривал за пласман на Евро, Грузија, е 86-та на ранг-листата, што за неа е скок за три позиции.

Во однос на претходното рангирање, имаме напредок за едно место. Имаме 1.365 поени, пет повеќе од септемвриското рангирање. На врвот и натаму прва останува Белгија, а во Топ 10 се уште: Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Уругвај, Аргентина, Хрватска и Колумбија.

 

- Оглас -

Најнови вести