Цел Буенос Аирес „згрме“ кога Меси го даде голот против Мексико (Видео)

Аргентина утревечер ќе игра против Полска во меч од третото коло во групната фаза на Светското првенство, a Гаучосите ќе бркаат победа иако и со реми постои опција да се пласираат во осминафиналето. По првите две кола, Аргентина има три бода благодарение на победата над Мексико.

Лионел Меси даде гол за да го скрши отпорот на Мексико, а потоа Аргентина погоди и по вторпат за 2:0. Моментнот кога Меси погоди за водство од 1:0 донесе неверојатна радост во Аргентина.

На камери е забележано каква ерупција од радост се слуша низ главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, во моментот кога Меси постигнува гол против Мексико.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SPORTbible (@sportbible)

- Оглас -

Најнови вести