Каков Гриезман, Меси побара Нејмар да се врати во Барселона

Лионел Меси е фокусиран на репрезентативните настапи со Аргентина, но сепак не можел, а да не изреагира на веста дека Пари Сен Жермен се одлучил да го стави Нејмар на листа за продажба. Челниците на францускиот гигант најавија дека Нејмар може да си замине, ако се најде клуб кој ќе успее да се договори за реализација на трансферот.

Повеќе од јасно е дека Барселона би сакала да го врати Нејмар во своите редови. Бразилецот беше одличен во напаѓачка комбинација со Меси и Луис Суарес. Меси неодамна дури откри дека уште е во близок контакт со Нејмар и дека би сакал повторно да го види во дресот на Барселона.

Медиумите пренесуваат дека Меси реагирал до челниците на Барселона, кои се фокусирани да го доведат Антоан Гриезман на „Камп ноу“. Сугерирано било да се стопира тој трансфер, а на местото на Гриезман во Барселона да биде вратен Нејмар. Освен Меси, и останатите играчи на Барселона биле многу повеќе за опцијата да се врати нивниот поранешен соиграч отколку да се доведе ѕвездата на Атлетико Мадрид.

Останува сега првите луѓе на Барселона да се одлучат дали ќе продолжат во обидот за доведување на Гриeзман или ќе се свртат кон враќање на Бразилецот на „Камп ноу“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести