Каков Кристијано Роналдо, Кире Лазаров скока повисоко!

Иако во мај ќе полни 40 години, Кирил Лазаров покажува дека уште е незадржлив за противниците. Со 19 погодоци по двете кола, капитенот на македонската репрезентација е на третото место на листата на најдобри стрелци на ЕП. Лазаров има скок-шут кој уште е неодбранлив и за најдобрите светски голмани.

Победата против Украина во првото коло беше донесена токму со таков скок-шут на Лазаров, а против Чешка даде 11 погодоци од 13 обиди. Причина зошто никој не може да ги блокира ударите на Кире е неговиот одраз. Педантните статистичари на ЕП пресметале дека Лазаров има направено одраз од 74 сантиметри и е на делба на првото место во оваа категорија.

Само колку за споредба, пред помалку од еден месец, целиот спортски свет се воодушевуваше на Кристијано Роналдо, кој на дуелот против Сампдорија успеа да даде гол со глава, а притоа имаше одраз од 71 сантиметар. Тоа значи дека Лазаров во Виена скокнал три сантиметри повисоко од Роналдо.

Колку за споредба, Лазаров во мај ќе наполни 40 години, додека Роналдо во февруари ќе го прослави 35-тиот роденден. Тоа значи дека капитенот на македонската ракометна репрезентација е речиси пет години постар од Роналдо, а сепак има фантастичен одраз кој е за три сантиметри повисок од планетарно познатиот Португалец.

 

- Оглас -

Најнови вести