Каков Нејмар, каков Мбапе – Зa ПСЖ дебитираше чудото од дете кое го „украдоа“ од Барселона

Пари Сен Жермен минимално со 1:0 го победи Сошо во последниот контролен меч на францускиот првак, пред продолжување на возбудувањата во Лигата на шампиони. Ерик Максим Чупо-Мотинг го даде единствениот гол и тоа во 15 минута од мечот.

Тренерот на ПСЖ Томас Тухел реши да ги одмори големите ѕвезди Нејмар и Мауро Икарди, а секако не можеше да смета ниту на Килијан Мбапе кој е повреден. Во една таква ситуација, мечот го одбележа дебитантскиот настап на младиот Чави Симонс.

Тинејџерот кој има 17 години за прв пат заигра во сениорскиот тим на ПСЖ. Тоа е момчето кое минатото лето направи неочекуван трансфер од Барселона во францускиот првак.  Симонс ги помина сите младински категории на Барселона, беше капитен за екипите во кои играше, една од најголемите ѕвезди во младинскиот светски фудбал, но не остана во Каталонија туку реши да направи трансфер меѓу Светците.

Синоќа против Сошо, Симонс влезе како резерва и ги одигра последните 20-тина минути. Талентираниот Чави дефинитивно е една од најголемите тинејџерски ѕвезди, а од синоќа може да најавиме дека започнува уште една голема фудбалска кариера.

 

- Оглас -

Најнови вести