Каков шок за Борусија: Милионерите промашија пенал, а Мајнц води 2:0

Борусија Дортмунд очекува денеска на свој терен да слави шампионска титула во Бундеслигата, но домашните навивачи на „Сигнал Идуна Парк“ доживеаа шок на стартот од дуелот против Мајнц.

Борусија треба да победи за сигурно да биде првак, но Мајнц е тој што поведе со гол во 15 минута. Домаќините веднаш имаа можност да израмнат, откако беше досуден пенал.

Алер ја превзема одговорноста да шутира пенал, но голманот на Мајнц го одбрани ударот од белата точка. Нов шок за Борусија стигна во 24 минута кога Мајнц зголеми на 2:0 со голот на Онисиво.

Работата за Милионерите не може да биде полоша ако се знае дека и Баерн Минхен води на гостувањето кај Келн. Според актуелните резултати, Баерн Минехн вака е прв со 71 бодови, а Борусија Дортмунд има 70 бодови.

- Оглас -

Најнови вести