Каков слалом на фудбалски меч, Јарно е комбинација од Меси и Шифрин (Видео)

На натпревар помеѓу екипи од петтата лига во Холандија, иако пријателски, беше постигнат гол каков што тешко дека може да се види во сериозна лига каде што има супер квалитетни дефанзивци. Но, треба и да му се честита на Јарно Деуринг, играчот кој во слалом во стилот на скијачката Микаела Шифрин минуваше низ противничката одбрана, издрибла неколку ривали, го помина и голманот, па не му беше тешко да ја пласира топката во празната мрежа.

Резулатот при кој Дуринг го даде голот беше 10-5 за Асен против Хогевен, а за толкавата ефикасност веројатно придонесува и правилото дека при погруб фаул, не се дава жолт картон, туку се шутира пенал.

- Оглас -

Најнови вести