Каков циркус на Селтик, си даваа смешни голови и сe пласираа во Лигата на Европа (Видео)

Шкотскиот гигант Селтик ќе игра во фазата по групи во Лигата на Европа, иако сесрдно му помагаше на АЗ Алкмар со смешни голови во реваншот на „АФАС стадионот“ во Алкмар.

Мечот заврши со победа на АЗ од 2:1, недоволно за да се анулира негативата од 0:2 од првиот меч што го доби Селтик.

Гостите вечерва правеа неверојатни грешки, а прв почна поранешниот англиски репрезентативец Џо Харт. Голманот на Селтик се обиде да комбинира и да дрибла во шестата минута, а Абухал лесно му ја одзеде топката и израмни на 1:1.

Смешниот потег на Харт и голот на Абухал можете да ги погледнете ОВДЕ.

Потоа се случи уште еден комичен момент,повторно во режија на гостите од Глазгова, а во главната улога беше стоперот Старфелт.

Швеѓанецот во одбраната на Селтик си даде неверојатен автогол во 26. минута кога несмасно реагираше и ја погоди својата мрежа.

Автоголот на Стафелт можете да го погледнете ОВДЕ.

Покрај Селтик, досега во фазата по групи во Лигата на Европа се пласираа и Глазгов ренџерс, Фенербахче, Рапид Виена и Галатсарај, а останатите реванш-мечеви во финалната квалификациска фаза се во тек.

 

- Оглас -

Најнови вести