Каква бајка на Барти, го остави крикетот за тенис, наградата е пехарот на Ролан Гарос

Ешли Барти е новата шампионка на Ролан Гарос, со приказна за сите времиња, откако денеска со 6:1, 6:3  ја победи втората сензација во Париз, неочекуваната финалистка Маркета Вондрушова.

Барти доминираше во своето прво сениорско финале на гренд-слем турнирите, брзо го доб и првиот сет со 6:1, а потоа малку подолго, но ефектно го заврши и вториот сет за триумф против 19-годишната чешка тенисерка.

И пласманот во финалето на Маркета е првокласна сензација, но бајката на Барти е неповторлива. Австралијката како јуниорка го освои Вимблдон во 2011 година, што и беше прва гренд-слем титула, а потоа се разочара од своите настапи и одлучи да ја прекине кариерата во 2014 година и да игра крикет.

За среќа се пишмани и во 2016 година направи тениски кам-бек, а врв на кариерата и е денешниот ден и титулата на Ролан Гарос. Барти е се уште млада има само 23 години и многу предизвици во атак на нови трофеи.

Австралијката има и едно загубено финале во игра на женски двојки на Австралија опен пред 7 години, во тандем со сонароднилката Кејси Делаква.

- Оглас -

Најнови вести