Каква би била табелата во Премиер лигата ако немаше ВАР?

Модерната технологија од оваа сезона е дел од Премиер лигата. ВАР-системот започна да се применува во Англија, а според многумина, и покрај помошта од технологијата, остануваат некои спорни ситуации. Ренимираниот „Тајмс“ направи анализа за тоа како би изгледала табелата во Премиер лигата по првите 10 кола ако ВАР-системот не постоеше.

На добар дел од мечевите во Англија, одлуките на ВАР-системот директно влијаеа на резултатот. Според ВАР-системот, Ливерпул би останал лидер со 28 бодови, но Манчестер сити наместо сегашните 22 би требало да има 24 поени. Се верува дека двата бода плус би биле од дуелот против Тотенхем, кога Габриел Жезус даде гол, но му беше поништен бидејќи на почетокот на акцијата имало игра со рака на Лапорта.

Бод повеќе би имал и Челзи, а Лестер би бил со бод помалку. Ако немаше ВАР, Вулверхемптон најмногу ќе добиеше, и тоа четири бода. Кристал палас најмногу пати се спасувал со ВАР-системот. Тимот кој сега е на шестото место во Премиер лигата, да немаше прегледување на снимката, сега ќе беше осум позиции послабо рангиран.

Ова е моментната табела во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести