Каква драма: Барселона во последната секунда ја погоди пречката (Видео)

Реал Мадрид го доби дербито против Барселона со 2:1, во меч на кој двете екипи можеа да постигнат уште по некој гол. Во завршницата на мечот, гостите тргнаа со сите сили во напад, па пред голот на Реал се појави и голманот Марк Андре тер Штеген.

Каталонскиот гигант имаше шанса буквално во последните секунди да стигне до 2:2, но пречката беше сојузник на Реал Мадрид. Тинејџерот Илајих Мориба шутираше од 10-тина метри, но топката ја стресе пречката и го спаси Кралскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести