Каква драма: Никој не очекуваше дека овие тројца ќе бидат најбрзи во квалификациите во Сочи

Ландо Норис за прв пат во кариерата ќе стартува од пол позицијата на една трка во Формула 1, откако возачот на Мекларен беше најбрз во квалификациите на патеката за Големата награда на Русија.

„Ова е неверојатно. Не знам што да кажам. Никогаш не верував дека можам да стигнам до оваа пол позиција, но тоа се случи“, рече Норис веднаш по квалификациите.

Зад изненадувачкиот победник во квалификациите ќе бидат уште двајца возачи за кои не се очекуваше да бидат меѓу најбрзите. Карло Сајнц ќе стартува како втор, додека Џорџ Расел имаше трето најбрзо време. Актуелнот светски првак Луис Хамилтон заврши со четврто најдобро време.

Најголемиот ривал на Хамилтон, Макс Верстапен воопшто не беше дел од квалификациите откако уште од вчера се знаеше дека Холанѓанецот ќе стартува од последната позиција на стартот. Во пресрет на оваа трка Верстапен реши да го смени моторот, што автоматски значеше дека ќе биде на „опашката“ од  стартот.

- Оглас -

Најнови вести