Каква легенда – Играч на Јагелонија разбра дека ќе биде резерва, па излажа дека е повреден

Словенечкиот интернационалец Немања Митровиќ беше фатен жив како измислува повреда за да не биде во составот на полската Јагелонија на денешниот дуел од куп-финалето против Лехија и веројатно ќе си замине од клубот.

Митровиќ откако дозна дека ќе биде резерва, пријавил повреда со намера воопшто и да не допатува на стадионот во Варшава. Но беше откриен дека се однесува неспортски и по наредба на претседателот на клубот со автомобил допатува на стадионот PGE Narodowy во главниот полски град, каде што се играше финалето.

И по сè што мина, Митровиќ не доби шанса да игра во финалето. Јагелонија загуби со 0-1 со гол во 96-тата минута и не успеа да го освои пехарот. Сега веројатно ќе следи разделба по чинот, кој како што е најавено од Јагелонија, нема да му го простат на фудбалерот од Словенија.

 

- Оглас -

Најнови вести